Дома Фудбал Во Манчестер Јунајтед подготвиле понуда за играч за врска

Во Манчестер Јунајтед подготвиле понуда за играч за врска

Манчестер Јунајтед планираат да понудат сума од 60 милиони фунти уште во јануари за ѕвездата на Кристал Палас, Адам Вортон, според “Мирор”.

21-годишниот играч за врска е следен внимателно од Рубен Аморим и скаутите на тимот во последните недели и тој е одреден како еден од фаворитите на луѓето во „Олд Трафорд“ во нивната желба да го зајакнат средниот ред. Ако овој обид за ангажирање на новопроизлезениот англиски репрезентативец во зима не успее, тогаш “црвените ѓаволи” ќе се вратат на лето.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Токму Вортон стана цел број еден во последните недели, откако доскоро се сметаше дека таква е Карлос Балеба од Брајтон. Падот во формата на играчот на „галебите“ во актуелната сезона ги увери луѓето во Манчестер дека халфот нема доволно силен менталитет за да успее во Јунајтед.

20-кратните шампиони планираат да финансираат дел од зделката за Вортон преку разделба со Коби Мејно, кој сè поретко добива шанси од Аморим и речиси сигурно ќе сака да замине уште во зима, за да бара повеќе време за игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Лапорта: Изгледа дека во Шпанија судиите секогаш му помагаат на Реал Мадрид

Жоан Лапорта официјално ќе ја преземе должноста во неговиот трет мандат како претседател н…