Фудбалскиот клуб Реал Мадрид е убеден дека во 2025 година ќе успее да ги донесе и Трент Александер-Арнолд и Алфонсо Дејвис.
Како што открива „Марка“, ТАА веќе се согласи да премине во Реал, а Флорентино Перез чека одговор од Ливерпул – дали ќе го пуштат во јануари или ќе дојде на лето без оштета.
Колку може подмладената Македонија на Лазаров на СП!? ↓↓↓
Во исто време, англиските медиуми постојано тврдат дека Ливерпул по ниедна цена нема да го пушти Трент во јануари, дека ќе се обидат до крај да го убедат да остане, но јасно е дека Реал му ја “помати” главата на Англичанецот и го привлече кон “Сантијаго Бернабеу”, што е тешко да се одбие.
Парите сигурно не се тема тука, бидејќи Ливерпул му нуди на Трент да биде еден од најплатените во историјата на клубот и на врвот на листата во Премиер лигата. Во игра е само спортскиот проект и потенцијалниот нов предизвик на личен план.
„Марка“ истовремено пишува дека Алфонсо Дејвис е незадоволен од последната понуда на Бајерн Минхен и дека сега е подалеку од потпис на нов договор. Реал Мадрид е тука зад аголот и чека, Канаѓанецот станува слободен на лето, но има понуди и од Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
„Марка“ заклучува дека Реал ќе има предноста кај двајцата фудбалери и дека Флорентино Перез не смее и не може да пропушти два вакви слободни играчи, во период кога е јасно дека екипата има потреба од нови и свежи бекови.