Дома Фудбал Во Ливерпул веќе одлучиле: Познато кој ќе го замени Салах?!

Во Ливерпул веќе одлучиле: Познато кој ќе го замени Салах?!

Ливерпул изгледа најде кој ќе го наследи Мохамед Салах. Според информациите од Goal, првенствената желба на тимот од Енфилд е младиот Бредли Баркола, еден од најистакнатите фудбалери на ПСЖ.

Како што е познато, Салах трет натпревар по ред останува на клупа, а релациите меѓу него и тренерот Арне Слот одамна се влошени.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Англиските медиуми известуваат дека шпекулациите за заминување на египетскиот напаѓач веќе се засилени и се очекува да се случи во јануари.

Поради тоа, во Ливерпул веќе размислуваат за планови по Салах, а на врвот на нивната листа на желби се наоѓа Бредли Баркола.

Според Transfermarkt, Французинот вреди 70 милиони евра.

Иако парискиот клуб му понуди значително подобрен нов договор кој би го поставил меѓу најплатените играчи, Баркола се уште не ставил потпис на него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Напаѓач на Силекс плачеше како мало дете по црвен картон против Вардар (Видео)

Фудбалерите на Вардар во продолжение од дербито со Силекс ќе имаат предност од фудбалер по…