Дома Фудбал Во Келн повредени над 1.300 навивачи (ВИДЕО)

Во Келн повредени над 1.300 навивачи (ВИДЕО)

Фудбалерите на Келн успеаја да се вратат во Бундеслигата што предизвика неизмерно славје меѓу навивачите на овој славен германски клуб.

Фудбалерите на Келн, популарните Јарци, ги победија во последното коло играчите на Кајзерслаутерн со 4:0 и како шампиони на Втората лига се вратија во елитната Бундеслига.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Над 400 илјади луѓе побараа билети за овој натпревар, но немаше место за сите. Капацитетот на стадионот „РајнЕнерги“ е „само“ 49,698 места.

Во текот на натпреварот имаше неколку обиди за „напад“ од навивачи без билети на капиите на стадионот, еден од нив е прикажан на видеото, а се случи во 75. минута од натпреварот.

Објавено е дека се повредени неколку стјуарди и нешто повеќе од 1.300 навивачи.

Покрај Келн следната сезона во Бундеслигата ќе игра и второпласираниот Хамбургер СВ, додека малку познатиот селски клуб Елферсберг како трет во табелата ќе игра во плејофот против Хајденхајм, третиот најслаб тим во елитната лига.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…