
Централна тема на натпреварите од шестото коло во Лигата на шампионите останува спорниот пенал на „Џузепе Меаца“ во дуелот помеѓу Интер и Ливерпул. Токму тој пенал му овозможи на Ливерпул да го постигне единствениот гол на натпреварот. Фудбалерот на Интер, Хенрик Мхитарјан, смета дека одлуката била неправедна.
Според Мхитарјан, ремито ќе беше најправеден исход и пеналот не требаше да биде досуден.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
– Ако за ова досудите пенал, тогаш секој контакт во шеснаесетникот треба да се смета за пенал. Натпреварот беше изедначен, ниту една страна не заслужи победа. Најфер исход беше нерешено. Пеналот не постоеше, но тоа е фудбалот. Не сме задоволни – изјави Мхитарјан.
LIVERPOOL GET A PENALTY FOR THIS! 😂😂 pic.twitter.com/XoIzF7oepY
— 𝓘𝓷𝓴𝓼 (@blvckinkz) December 9, 2025