Дома Фудбал Во „Билд“ убедени: Знаат што ќе се случи со Винисиус!

Во „Билд“ убедени: Знаат што ќе се случи со Винисиус!

Германскиот БИЛД тврди дека Реал Мадрид има намера да го продаде Винисиус претстојното лето. Оваа одлука, пишува БИЛД, е донесена откако играчот го изразил незадоволството по Ел Класико.

Тогаш, тој бурно реагираше поради замената од страна на Чаби Алонсо. Реал инсистираше на јавно извинување, а дополнително требаше да им се извини и на соиграчите и тренерот.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Инаку, претседателот на Реал, Флорентино Перез, верува дека е важно ниту еден негов играч да не смета дека е поголем од клубот.

Вредноста на Винисиус се проценува на 150 милиони евра, а како најсериозен кандидат за негов трансфер се споменува ПСЖ.

Да потсетиме, Винисиус пристигна во Реал во 2018 година од Фламенго.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познато е кога ЦрвенаЅвезда го претставува Дејан Станковиќ

Српскиот тренер Дејан Станковиќ по вторпат ќе го преземе тимот на Црвена Ѕвезда од Владан …