
Во Барселона се многу незадоволни од повредата на Роберт Левандовски, пишува весникот “Марка”. Полскиот репрезентативец почувствувал болки во бутот за време на првото полувреме од натпреварот од квалификациите за Светското првенство против Литванија, завршен со 2:0 во корист на “дружина полска”. Левандовски, сепак, решил да продолжи да игра, а и лекарите биле запознаени со тоа.
Искусниот голгетер веројатно ќе ги пропушти натпреварите на Барса во следните четири недели, вклучувајќи го и дербито со Реал Мадрид на 26 октомври. Ситуацијата предизвикала големо незадоволство во таборот на шпанскиот шампион, се вели во информацијата цитирана од БТА.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Незадоволството сега е насочено и кон самиот фудбалер кој требал да одбие да продолжи да игра.