Дома Фудбал Во Баерн не се загрижени за иднината на Олисе

Во Баерн не се загрижени за иднината на Олисе

Спортскиот директор на Баерн Минхен Макс Еберл ја објасни ситуацијата околу договорот на Мајкл Олисе. Крилото игра на многу високо ниво откако е во клубот. Минатата сезона имаше 15 асистенции, а од почетокот на оваа сезона веќе има шест. Интерес за францускиот репрезентативец покажуваат некои европски великани, а во некои медиуми се појави информација дека во неговиот договор има клаузула за раскин.

“Она што недостасува во оваа дискусија е фактот дека го доведовме Мајкл Олисе, кој има договор со нас до 2029 година и нема клаузула за раскин. Тој е на пат да стане еден од најдобрите играчи на планетата”, изјави Еберл.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На почетокот на октомври друг шеф во Баерн – Кросфор Фројнд, исто така ги коментираше гласините за заминување на Олисе: “Воопшто не сме загрижени. Тој има долгорочен договор. Можеме да си замислиме да игра за Баерн во следните седум, осум, девет години”.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Анри нема дилеми: Овие три екипи се фаворити во Лигата на шампионите!

По впечатливата победа на Арсенал против Атлетико Мадрид со 4:0, легендарниот француски на…