
Еден од хероите на Њукасл во победата (2:1) против Ливерпул, со која е освоен Карабао купот, Ден Берн изјави за Скај Спорт дека се чувствува како во сон.
Освојувањето на трофејот навивачите на Њукасл го дочекаа со големо воодушевување, а Ден Берн не ги сокри своите емоции. Њукасл до водство во големото финале стигна во 45. минута, при што Берн скокна високо по изведениот корнер и постигна одличен гол со глава.
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
„Имав и потешки недели во мојот живот. Не сакам да спијам, бидејќи веќе се чувствувам како во некој сон и се плашам дека сонот може да се прекине“, изјави Берн.
Тој додаде дека не е навикнат на освојување трофеи.
„Се чувствувам чудно, не сум навикнат да освојувам трофеи и сега не знам како да се однесувам, само знам дека чувството е прекрасно“, изјави Берн, па заклучи:
„Ќе бидам прв во осум наутро на тренинг“.
За Њукасл ова е прв трофеј во Англија освоен од 1955 година! Два пати Њукасл играше во финалето на Лига купот – во сезоната 1975/76 и во сезоната 2022/23, но дури сега успеа да го подигне пехарот.