Дома Фудбал Властите на една африканска земја вложуваат милиони евра во Барселона

Властите на една африканска земја вложуваат милиони евра во Барселона

Хроничното празно портмоне на Барселона ќе биде пополнето со значителна сума на пари која ќе стигне од сметката на… Демократската Република Конго.

Контроверзниот претседател на Барса, Жоан Лапорта, продолжува да се снаоѓа како умее и знае во период кога клубот се наоѓа во сериозни долгови, а средства мора да се издвојуваат и за изградба на новиот „Ноу Камп“.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Агенцијата „Ројтерс“ објави приказна дека властите на оваа африканска држава ќе потрошат 40 милиони евра за реклама која ќе се појави на делови од опремата на фудбалерите и фудбалерките на Барса, но не и на дресовите. Слоганот кој го промовира туристичкиот потенцијал на оваа огромна земја со неверојатна природа, ќе се појавува на црвено-сината опрема во текот на следните четири сезони.

Публиката ќе може да ја види оваа реклама на снимки и фотографии од тренинзите, како и при загревањето пред натпреварите, бидејќи акцентот ќе биде на тренинг маиците. Барселона не е првиот клуб кој постигнал ваков договор со Конго, Монако и Милан имаат слични спонзорства, но за помали суми на пари.

Барселона неодамна го продолжи договорот со компанијата „Nike“ до 2038 година, според кој ќе заработува најмалку 120 милиони евра годишно. Компанијата „Spotify“ плаќа 70 милиони евра за место на градите на тој ист дрес, што значи дека „Блаукрана“ има скоро 190 милиони евра приход годишно само од тие две соработки.

Конго го заокружува тоа на 200, а каде се продадените дресови и останатите официјални клубски производи, билетите, ТВ правата, премиите и бонусите од резултатите во натпреварувањата, итн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид без влкана на јазикот: Бев подобар од Левандовски и Халанд

Во интервју за една емисија, прославениот напаѓач, кој остави силен впечаток во дресовите …