Дома Фудбал Влаховиќ по поразот на Јувентус бркаше фудбалер на Реал Мадрид (Видео)

Влаховиќ по поразот на Јувентус бркаше фудбалер на Реал Мадрид (Видео)

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ беше во центарот на вниманието пред, за време и по гостувањето на Јувентус во Мадрид.

Јуве беше поразен од Реал 1:0, во третото коло на Лигата на шампионите, а Влаховиќ конечно натпреварот го започна во стартната постава на Игор Тудор.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Џуд Белингем во 58. минута пресуди на “Старата дама”, што беше прв пораз за оваа сезона.

Сепак, беше и седми натпревар по ред за екипата од Торино во кој не оствари победа.

Јувентус може најмногу да жали за шансата веднаш на почетокот на второто полувреме кога Влаховиќ излезе пред Тибо Куртоа, но голманот на Реал успеа да го одбрани неговиот обид.

Влаховиќ играше нешто повеќе од седумдесет минути, по што Тудор го замени со Џонатан Дејвид.

Таа замена не донесе значителна промена во завршницата бидејќи резултатот остана ист.

Напаѓачот од Србија беше во фокусот и по последниот судиски свиреж имајќи предвид дека се врати на теренот за да најде еден играч на Реал Мадрид.

Се работеше за Винисиус Жуниор со кој Влаховиќ размени дрес и кратко разговараше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пјеро жестоко распали по Јувентус: Не знам што бараат, Тудор не беше прва опцијаа!

Веројатно најголемиот играч во историјата на Јувентус, легендарниот Алесандро Дел Пјеро, п…