Дома Фудбал Влаховиќ си заминува од Јувентус, но останува во Италија

Влаховиќ си заминува од Јувентус, но останува во Италија

Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ не се снаоѓа најдобро во Јувентус и заминувањето на лето е неизбежно.

Од Италија пристигнаа нови информации дека Милан е заинтересиран за поранешниот центарфор на Партизан и Фиорентина.

ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст


Послабите игри оваа сезона и доаѓањето на Рандал Коло Муани во јануарскиот трансфер период резултираа со не баш најдобар статус на Влаховиќ во Јувентус. Не му е баш омилен меѓу навивачите, па српскиот голгетер би можел летово да ги напушти „Бјанконерите“ и да ги ослободи од големата плата која ја има.

Англија е потенцијална дестинација, но од Чизмата доаѓаат вести дека Милан го сака Влаховиќ, а размена меѓу овие два тима би можела да биде на повидок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ширер: Нереално е Ливерпул да го добие Исак за тие пари

„Тема број 1“ на Островот е потенцијалниот трансфер на Александер Исак во Ливерпул. Тоа е …