Дома Фудбал Влаховиќ може да замине, Јувентус му подготвува спектакуларна замена

Влаховиќ може да замине, Јувентус му подготвува спектакуларна замена

Челниците на Јувентус летово сакаат да го доведат напаѓачот Виктор Осимен, како замена за Душан Влаховиќ кој тогаш речиси сигурно ќе ја напушти екипата, пренесуваат италијанските медиуми.

Како што пренесуваат медиумите на Апенините, менаџерите на српскиот репрезентативец одлучиле да ги прекинат преговорите за продолжување на соработката кога слушнале дека управата не планира да му ја зголеми платата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Договорот на Влаховиќ истекува во 2026 година, а управата сака да го продаде ова лето за да спречат да замине без обештетување.

Како што пренесе Газета дело Спорт, првата опција за замена на Влаховиќ е Осимен, кого директорот на Јувентус, Кристијано Џунтоли, многу го цени. Џунтоли го доведе Осимен во Наполи во 2020 година и би сакал да соработуваат и во Торино.

Во моментов Осимен игра за Галатасарај, на позајмица од Наполи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најава за уште подобри денови: Осогово се пофали со нов голем спонзор!

Фудбалскиот клуб Осогово доби значајна поддршка во пресрет на продолжението од вториот дел…