Дома Фудбал Вирц искрено: Откри зошто го избрал Ливерпул пред сите други

Вирц искрено: Откри зошто го избрал Ливерпул пред сите други

Ливерпул летово го отвори својот буџет и го ангажираше еден од најбараните фудбалери на денешницата, Флоријан Вирц. Многумина очекуваа дека одличниот фудбалер ќе заврши во Баерн, но на крајот се одлучи за „црвените“ од Англија.

Вообичаено, најдобрите играчи од Бундеслигата со германско потекло често преминуваат во Баерн. Меѓутоа, Вирц го прескокна овој чекор и предизвика разни реакции во Германија.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


– Како и пред пет години кога на 16 години го напуштив Келн за Леверкузен, барав место каде што би можел да ги усовршам своите фудбалски вештини и да станам најдобар играч. Поради тоа го одбрав Ливерпул – и до сега не сум се покајал – изјави Вирц во интервју за „Кикер“.

Сериозно размислуваше и за трансфер во Баерн, но по неговите зборови, се одлучи за поголем предизвик.

– Интензивно ги истражував двата клуба и на крајот, одлуката не беше лесна. Но ја донесов со апсолутна сигурност и среќен сум за тоа. Беше поголем чекор да го напуштам познатото опкружување и да се префрлам во друга земја со сите промени. И во нова лига со различен стил на игра. Дефинитивно би рекол дека тоа е поголем предизвик, кој свесно одлучив да го прифатам за да станам подобар играч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

16-годишник му донесе победа на Ливерпул по извонредна драма против Њукасл

Ливерпул постигна извонредна драматична победа со 3:2 на гостувањето кај Њукасл. 16-годишн…