
По пет години во Бајер Леверкузен Флориан Вирц веќе донел одлука да премине во Бајерн (Минхен) и го информирал својот тренер Чаби Алонсо, пренесува „Билд“. Тој ќе инсистира на трансфер кај новиот шампион до следното лето.
Од неколку сезони наназад 22-годишниот офанзивен фудбалер е поврзуван со баварците, кои никогаш не ја криеле својата желба да го имаат во тимот.
Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓
Реал Мадрид и Манчестер Сити се другите две можности за Вирц, но тој бил категоричен дека сака единствено во Бајерн.
Коментари