
Реал Мадрид во саботата на стадионот Сантијаго Бернабеу ја совлада Севиља со резултат 2:0 во рамките на 18. коло од Примера. Но, по натпреварот најмногу се зборуваше за потезите на Винисиус Жуниор, кој беше жестоко исвиркан од домашните навивачи.
Според извори од шпанските медиуми, навивачите на Реал се незадоволни од него поради однесувањето за време на последната кризна ситуација за клубот. Екипата ја изгуби водечката позиција во Ла Лига и потклекна во Лигата на шампионите. Во тоа време, Винисиус водеше отворен бунт против тренерот Хаби Алонсо.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Навивачите на Реал јасно покажаа на чија страна се. Против Севиља, го исвиркуваа Винисиус од почеток до 83-та минута на натпреварот, кога беше заменет од Гонзало Гарсија.
Додека исвиркувањето од Бернабеу при неговото излегување од игра беше забележано на снимка, подоцна беше објавено како Винисиус реагираше на тоа што навивачите на неговиот клуб го исвиркуваат од самиот старт на натпреварот.
“Што да правам? Ова е прва акција на натпреварот… По ѓаволите!”, прочитаа експерти од усните на Винисиус, што го изговори на клупата на Реал.
🚨 Вини Жуниор при исвиркувањата од Бернабеу на почетокот на натпреварот:
— Madrid Xtra (@MadridXtra) 21 декември, 2025
“Што да правиме? Што да правам? Ова е прва акција на натпреварот… по ѓаволите!” @MMajeedX pic.twitter.com/wyXDjKTQkK
Винисиус (25) за седум години во Реал одигра 346 натпревари, постигна 111 и асистираше на 91 гол. Освои низа трофеи, од кои најзначајни се две Лига на шампиони и три титули во Ла Лига.