Иако доби богата понуда од Саудиска Арабија, Винисиус Жуниор наскоро ќе потпише нов договор со Реал Мадрид, пренесуваат медиумите во Шпанија.
Средината на минатиот месец делегација од Саудиска Арабија престојувала во Мадрид во обид да го осигура потписот на Винисиус Жуниор.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Како што пренесуваат медиумите во Саудиска Арабија, на Бразилецот ќе му биде понуден договор на пет години со вкупна плата од еден милијарда евра, со што би бил најплатениот фудбалер во историјата.
Сепак, изгледа дека мадридската суперѕвезда ја одби понудата од Саудиска Арабија.
Винисиус Жуниор сака да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид, со кој досега освои вкупно 15 трофеи.
„Само е прашање на време, но засега нема преговори помеѓу Реал Мадрид и Винисиус. Не брза никаде. Вистина е дека порано или подоцна Бразилецот ќе потпише продолжување“, објави „Марка“.