Дома Фудбал Винисиусс е во врска со позната инфлуенсерка, му ги простила скандалозните пораки

Винисиусс е во врска со позната инфлуенсерка, му ги простила скандалозните пораки

Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор, ѕвезда на Реал Мадрид, го потврди својот однос со популарната инфлуенсерка и водителка Вирџинија Фонсека.

Двојката го официјализираше својот однос преку објава на Инстаграм, каде што споделија романтични фотографии со натписот: „В❤️В“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


На фотографиите се забележува како се наоѓаат во соба украсена со срцевидни балони, ливчиња од рози и плишани мечиња.

Да потсетиме, нивната врска накратко беше прекината откако се појавија пораки од Винисиус до манекенката Ана Силвија каде што бараше експлицитни снимки од неа, а и самиот испраќаше такви, по што Фонсека одлучи да го прекине контактот.

Сепак, изгледа дека Вирџинија му прости после јавното извинување од Винисиус, и сега ја објавија својата врска на јавноста.

Во меѓувреме, шпанскиот весник AS пишува дека Винисиус би можел да го напушти Реал Мадрид на крајот на сезоната 2025/26 ако неговиот однос со тренерот Чаби Алонсо не се подобри.

Најверојатно неговата реакција при замената во Ел Класико против Барселона беше само јавно изразување на се поголемото незадоволство на бразилскиот напаѓач со новиот тренер на Кралскиот клуб, и останува да видиме што ќе се случува до крајот на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баеровото чудо од дете заработува малку, од февруари ќе биде богаташ кога ќе види што го чека!

Младиот германски фудбалер Ленарт Карл ја воодушеви фудбалската јавност со своите настапи …