Винисиус Жуниор на натпреварот од Лигата на шампионите против РБ Салцбург постигна два гола за Реал Мадрид во победата од 5:1. Двата гола ги прослави на идентичен начин со една рака преку очите, а другата насочена како пиштол. Бразилецот по мечот објасни што му значи оваа прослава.
Винисиус Жуниор игра се подобро. Најдобриот играч во светот по избор на ФИФА синоќа постигна два гола во победата од 5:1, а двата ги прослави на ист начин.
Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓
Една рака е поставена преку очите, другата е насочена како пиштол и така Бразилецот од неодамна ги слави головите.
Станува збор за прослава инспирирана од пријателите.
„Славењето? Често играм Плејстејшн со пријателите и ме замолија да направам ваква прослава. Го копирав тоа од пријател кој игра во Франција. Откако почнав вака да славам, постигнувам се повеќе голови”, рече Жуниор.
Иако постигна два гола, тврди дека не е задоволен со својата игра.