Напаѓачот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор доби казна поради нападот врз голманот на Валенсија, Димитриевски, по што беше исклучен со директен црвен картон.
Се очекуваше строга казна за Бразилецот, пред се поради строгите правила на Шпанската фудбалска асоцијација, но Винисиус беше казнет со суспензија од два натпревари во првенството и парична казна од 600 евра, додека Реал Мадрид ќе плати казна од 700 евра. .
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Вини бил исклучен поради „намерно удирајќи противник по глава, кога топката не била во игра, со употреба на сила“.
Бразилецот по судирот со голманот на домашниот тим насилно тргна кон судијата, но соиграчите навреме го запреа.
Реал Мадрид планира да поднесе жалба на одлуката.