
РЕАЛ МАДРИД извојува победа против Барселона со резултат од 2:1 на домашниот терен во десеттото коло на Ла Лига. Со триумфот во ова спектакуларно Ел Класико, Реал се оддели на врвот со пет поени предност пред големиот ривал и актуелниот шампион на Шпанија. Мечот беше бурен и полн со страсти, а најмногу се зборуваше за реакцијата на Винисиус по натпреварот.
Крилниот напаѓач на Реал изрази големо незадоволство кога тренерот Чаби Алонсо во 71. минута одлучи да го замени со Родриго. Не постапи како што е вообичаено, поздравувајќи ги членовите на стручниот тим и играчите на клупата, туку веднаш без зборови се упати кон соблекувалната.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Според информациите од DAZN, во тој момент Винисиус изјавил шокантно: “Нема повеќе со тимот… Треба да си одам!” Бразилецот од почетокот на оваа сезона одигра 13 натпревари за Реал, од кои 10 како стартер. Беше заменет во седум наврати, а секогаш искажуваше незадоволство, но никогаш не реагираше на толку драматичен начин.
Во 71. минута, Винисиус гледаше како четвртиот судија го подига бројот кој му означуваше замена. Тој не можеше да верува дека повторно мора да го напушти теренот порано од очекуваното. Овој пат, неговата лутина беше очигледна, не прикриваше несогласување со одлуката на Чаби Алонсо:
“Јас? Јас? Тренеру, тренеру!”, извика Винисиус со раширени раце, барајќи објаснување, известува DAZN.