
Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, успеа да одржи сплотеност во соблекувалната и да ги задоволи сите ѕвезди, решавајќи потенцијално критичната ситуација околу Винициус Жуниор, пишува Defensa Central.
Бразилското крило побара зголемување на платата за да стане најплатениот играч во клубот. Претседателот на Реал му објаснил дека не може да се наруши постојниот платен систем, според кој тој, заедно со Килијан Мбапе и Џуд Белингам, ќе бидат најплатените играчи во тимот, со заработка од 15 милиони евра нето. Всушност, она што Перез му понуди, според порталот кој се посветува на Реал Мадрид, е обезбедување на бонуси со кои овие 15 милиони евра може да се зголемат на повеќе од 20, што всушност и го посакуваше Винисиус.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Винииус можеби нема да се истакне како најплатениот играч во Реал со фиксна плата, но доби што посакуваше, а Перез доби мир во соблекувалната полна со ѕвезди. Винисиус беше долго време споменуван како потенцијална следна ѕвезда во Саудиска Арабија со понуда од милијарда евра за петгодишен договор, но сите тие шпекулации се разјаснија откако доби што посакуваше во Реал.
Според Defensa Central, статусот на Мбапе, Винисиус и Белингам е зачуван, со што Перез смири ситуација која можеше да ескалира. Заедно со новиот тренер Чаби, сите работи во Реал се одвиваат според планот.
Винисиус има договор со Реал до летото 2027 година. Во минатата сезона постигна 22 гола и имаше 19 асистенции на 55 натпревари за клубот.