Дома Фудбал Винисиус одговори на „лудата“ понуда од Саудиска Арабија

Винисиус одговори на „лудата“ понуда од Саудиска Арабија

Бразилскиот фудбалер и играч на Реал Мадрид Винисиус изјави за клупската телевизија дека сака да остане во Реал Мадрид уште многу години, и така ги демантираше шпекулациите за трансфер во Саудиска Арабија.

Тој сакаше да ги демантира шпекулациите на шпанските медиуми кои пренесуваат дека Винисијус добил понуда од еден саудиски клуб.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Најважно за мене е да продолжам да пишувам историја овде. Се надевам дека ќе останам во Реал уште многу години“, изјави 24-годишниот Бразилец.

Тој неодамна го постигна 100. гол во дресот на Реал, а со мадридскиот клуб освои две Лиги на шампиони.

„Да се биде дел од историјата на клубот е многу тешко бидејќи има толку многу играчи и легенди пред мене кои постигнале толку многу голови и освоиле толку многу титули. Да бидам во тој круг беше мојот сон”, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Седлоски: Ова е тежок пораз кој боли

Селекторот Гоце Седлоски го анализираше натпреварот против Данска кој го загуби Македонија…