Бразилскиот фудбалер и играч на Реал Мадрид Винисиус изјави за клупската телевизија дека сака да остане во Реал Мадрид уште многу години, и така ги демантираше шпекулациите за трансфер во Саудиска Арабија.
Тој сакаше да ги демантира шпекулациите на шпанските медиуми кои пренесуваат дека Винисијус добил понуда од еден саудиски клуб.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Најважно за мене е да продолжам да пишувам историја овде. Се надевам дека ќе останам во Реал уште многу години“, изјави 24-годишниот Бразилец.
Тој неодамна го постигна 100. гол во дресот на Реал, а со мадридскиот клуб освои две Лиги на шампиони.
„Да се биде дел од историјата на клубот е многу тешко бидејќи има толку многу играчи и легенди пред мене кои постигнале толку многу голови и освоиле толку многу титули. Да бидам во тој круг беше мојот сон”, додаде тој.