Дома Фудбал Винисиус на интересен начин одговори на скандирањето „Каде ти е Златната топка?“ (Видео)

Винисиус на интересен начин одговори на скандирањето „Каде ти е Златната топка?“ (Видео)

Најсилниот пар во плеј-офот за нокаут-фазата од Лигата на шампионите ја одигра првата средба. Реал го совлада Манчестер Сити со 3:2 на гостински терен.

Овој меч многу се очекуваше поради повеќе причини, а посебно затоа што ова беше првата пресметка на првакот на Англија против првакот на Шпанија и Европа по контроверзиите околу изборот за „Златната топка“ за минатата сезона.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Реал и неговата ѕвезда сметаат дека на Винисиус му е направена голема неправда, па затоа ја бојкотираа доделувањето на наградата.

Ова предизвика силни критики и за Реал и за Вини од неутралните љубители на фудбалот. Поради тоа, на „Итихад“, Винисиус беше пречекан на непријателски начин.

Навивачите на Сити не се задржаа само на тоа. За време на натпреварот, кога Винисиус ја земаше топката, почнаа да скандираат: „Каде ти е Златната топка?“ Напаѓачот на Реал на ова одговори покажувајќи ја значката на ракавот од дресот на која е претставен пехарот на Лигата на шампионите и бројот 15, што означува колку пати Реал го освоил европскиот наслов.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дел Пиеро: Влаховиќ мора нешто да направи!

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ го изгуби местото на стартер во првиот тим на Јувентус, а …