Дома Фудбал Винисиус му прави проблеми на Перез: Бразилецот поставил услов за да го продолжи договорот.

Винисиус му прави проблеми на Перез: Бразилецот поставил услов за да го продолжи договорот.

Бразилската ѕвезда Винисиус Жуниор предизвика мал немир во Реал Мадрид, бидејќи го отежнува процесот за новиот договор и сѐ уште делумно размислува за понудата која ја има од Саудиска Арабија.

Винисиус е еден од најдобрите во Реал веќе неколку сезони, но бразилскиот репрезентативец е пред големо искушение.

Квалификации за ЕП во ракомет: Македонија спремна, Словенија може да падне! ↓↓↓


Од Саудиска Арабија му нудат дури една милијарда евра за пет години договoр, што се разбира не може да го понуди ниту еден друг клуб во светот, па ни Реал Мадрид.

Реал Мадрид би добил 300 милиони евра, што би било рекорден износ за еден трансфер и би ја надминал продажбата на Нејмар во 2017 година од Барселона во ПСЖ за 222 милиони евра.

Во Мадрид се решителни да го задржат Винисиус и му нудат нов договор, а преговорите наводно неуспешно отворени, бидејќи разгалената ѕвезда сака многу повеќе од тоа што Перез планирал да даде.

Во моментов има многу противречни информации поврзани со ‘случајот Винисиус’, иако во последните неколку часа Тоно Гарсија, новинарот на Кадена СЕР, отиде чекор понатаму и ги откри бројките кои би се разгледувале во можни преговори на Реал Мадрид и Бразилецот, а тоа би било “повеќе од 25 милиони евра нето годишно по сезона”.

Значи, Винисиус сака договор со 25 милиони евра годишна заработка. Моментално заработува 15 милиони евра нето по сезона, далеку помалку од она што го очекува во новиот договор.

Наводно, средината блиска до играчот открила дека Винисиус не планира да оди под неговите барања, а останува да се види дали Перез ќе најде начин да му обезбеди дополнителни 10 милиони евра по сезона или ќе му побара да ја прифати понудата на Саудијците.

Сепак, ESPN пишува дека Винисиус и покрај сè е поблиску до продолжување на договорот со Реал отколку до одење во Саудиска Арабија.

Лигата на Саудиска Арабија сака бразилскиот напаѓач да го направи најплатен играч на светот, но извори додадоа дека од декември нема никакви новини за можен трансфер на Блискиот Исток.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн и Интер без проблем во четвртфинале

Баерн Минхен и Интер со уште една победа го потврдија своето учество во четвртфиналето, во…