
Перез сака хармонија во тимот и среќни ѕвезди заедно, но кога имаш толку многу ѕвезди на една точка, навистина е тешко. Откако пристигна Килјан Мбапе, Вини како да се чувствува помалку ценет, па често изразува фрустрации, особено кон Чаби Алонсо.
Бразилецот има договор до лето 2027 година, а од почетокот на годинава траат преговорите за продолжување на истиот. Но, сè уште нема постигнато договор, главно бидејќи напаѓачот не е задоволен од понудата и има големи очекувања.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Винисиус по Ел Класико се сретна со Флорентино Перез за да се извини за своето однесување на теренот, кога лут го напушти теренот бидејќи Чаби Алонсо го извади од игра.
Освен што го изразија жалењето за случката, играчот и претседателот ја искористија приликата повторно да ја отворат темата за обновување на договорот. Потоа, Винисиус му го соопшти на управата на клубот своето незадоволство од третманот кој го добиваше од Чаби Алонсо. Од самиот почеток, односот меѓу нив двајцата беше напнат.
Бразилецот моментално заработува околу 18 милиони евра со откупна клаузула од милијарда евра. Почетокот на 2025 година, Реал Мадрид даде уште една понуда за обновување на договорот, која вклучуваше зголемување на 20 милиони евра нето. Меѓутоа, тој износ не беше доволен и со текот на времето неговиот однос со менаџерот на Реал Мадрид само се влошуваше.
Винисиус и неговите агенти побараа “историски договор”, сличен на оној на Кристијано Роналдо. Износот би бил околу 30 милиони евра по сезона, вклучувајќи основна плата, бонуси за учинок и бонус за обновување на договорот – погодност која не им се нуди на другите играчи на Реал Мадрид. За сега преговорите се во застој, а проблемите за управата на Реал Мадрид продолжуваат да растат.