Дома Фудбал Винисиус ги изненади Американците: Се појави со нова фризура (Фото)

Винисиус ги изненади Американците: Се појави со нова фризура (Фото)

Бразилскиот фудбалер Винициус отпатува во Мајами во Соединетите Американски Држави каде што ќе ги помине божиќните празници, а во оваа прилика проследи НФЛ натпревар и го покажа својот нов имиџ.

Винисиус го пропушти последниот натпревар на Реал против Севиља (4:2) поради суспензија, а синоќа бразилскиот крилен играч го гледаше натпреварот на Мајами Делфинс против Сан Франциско Фортинајнерс.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Сепак, многу повеќе внимание привлече со промена на имиџот, па на Инстаграм стори го објави изгледот на својата нова фризура, каде што во прв план беа плетенките.

Се очекува дека Винисиус ќе се врати на тренинзите на Реал на 31 декември, нешто подоцна од неговите соиграчи.

Бразилецот и оваа сезона е одличен, бидејќи на 21 натпревар во сите натпреварувања постигна 14 голови и додаде 10 асистенции.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Жестока закана за Мбапе: Остави го Насер на мир, инаку ќе кажам дека си…

Килијан Мбапе се наоѓа во Соединетите Американски Држави со Реал Мадрид, но вчера одекна в…