Дома Фудбал Винисиус ја одби првата понуда од Реал Мадрид

Винисиус ја одби првата понуда од Реал Мадрид

Винисиус Жуниор, еден од најдобрите фудбалери на Реал Мадрид, ја одби првата понуда од европскиот и шпански шампион за продолжување на договорот, иако му беше понудено зголемување на платата во однос на сегашните 15 милиони евра годишно.

Според Марио Кортегана, новинар добро информиран за случувањата во Реал, преговорите започнале пред две недели, но менаџерите на бразилскиот крилен напаѓач ја вратиле понудата до управата.


Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓


Винисиус пред две години потпиша продолжување на соработката со Реал до 2027 година, со неверојатна откупна клаузула од милијарда евра!

Сепак, интересот за него не се намалува. Минатото лето, како и оваа есен, агентите на саудиските клубови се обиделе да го убедат во трансфер, а наводно постоеле клубови кои биле подготвени да ја платат таа милијарда. 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан со два гола му пресуди на Емполи (Видео)

Фудбалерите на Милан славеа со 2-0 против Емполи во рамките на 24. коло од Серија А. Рафае…