Дома Останати Тенис Вимблдон ќе му оддаде посебна чест на Енди Мареј!

Вимблдон ќе му оддаде посебна чест на Енди Мареј!

Поранешниот британски тенисер Енди Мареј ќе добие статуа на Вимблдон.

“Целиме да поставиме статуа на Вимблдон за Енди Мареј и тесно соработуваме со него и неговиот тим”, изјави претседателката на Свеанглискиот клуб, Деби Џеванс, пренесе Би-Би-Си (BBC).

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Џеванс откри дека статуата се очекува да биде завршена до 2027 година.

“Нашата цел е да ја претставиме на 150-годишнината од првото натпреварување, кое се одржа во 1877 година. Мареј и неговиот тим ќе бидат вклучени во овој процес”, додаде Џеванс.

Мареј првата титула на Вимблдон ја освои во 2013 година, со што стана првиот британски тенисер по Фред Пери кој го постигна тоа. Статуата на Пери на Вимблдон беше поставена во 1984 година.

Во текот на својата кариера, од 2005 до 2024 година, Мареј освои вкупно 46 титули во сингл, меѓу кои се и три гран-слем титули – две на Вимблдон (2013 и 2016 година) и една на Отвореното првенство на САД (2012 година).

Тој победи на Олимписките игри во 2012 и 2016 година, а на првото место на АТП листата помина вкупно 41 недела.

Откако ја заврши тениската кариера, од ноември минатата година до мај оваа година беше тренер на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Фото: Wimbledon/X
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Неверојатни сцени: Кинезите полудеа по Ѓоковиќ, развеаа и српски знамиња! (Видео)

Новак Ѓоковиќ е несомнено најголемата ѕвезда на мастерсот во Шангај, а тоа совршено јасно …