
Нико Вилијамс ги прифати условите на Барселона, потврди Фабрицио Романо.
Според него, Нико Вилијамс направи голем компромис, следејќи ја својата желба да игра за Барселона, па се согласи на годишна плата од седум милиони евра, со дополнителен милион како бонуси.
Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓
Претходно беше познато дека Нико бараше плата од 10 милиони евра, а таква понуда му подготви и Баерн Минхен, како и неколку клубови од Премиер лигата.
Меѓутоа, неговото срце е само за Барселона, веќе разговараше неколку пати со Ханси Флик и соиграчите од репрезентацијата, особено со Ламин Јамал, Педри и Гави.
Ново е и тоа што Нико Вилијамс сега сака да направи уште еден неочекуван потег – да го поттикне Атлетик Билбао на преговори. Наводно, дури е подготвен и јавно да ја изрази својата желба да се пресели во Барселона и да го замоли својот матичен клуб да му излезе во пресрет и да ги олесни преговорите за трансферот.
Атлетик Билбао досега беше категоричен дека заинтересираните клубови мораат веднаш да платат 62 милиони евра, колку што е клаузулата со сите трошоци, што е за Барса доста тежок предизвик во овој момент.
Нико Вилијамс и Барса постигнаа целосен договор, со договор до 2031 година, останува само да се види како Каталонците ќе го реализираат трансферот.
Фото: Athletic Club/FB