
Веќе неколку дена се зборува дека Барселона сака да го доведе Нику Вилијамс во своите редови и дека играчот покажал огромна желба за тој трансфер, но на крајот сè се заплетка со Бајерн Минхен и лидерите на Атлетик Билбао направија чекор кој ги изненади Каталонците.
Вилијамс беше голема желба на Барселона и минатото лето кога скоро сè беше договорено, но тој се предомислил во последен момент и решил со Билбао да потпише нов договор и да остане на Сан Мамес.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
На Барселона таквата одлука воопшто не ѝ се допадна и на крајот го донесоа Дани Олмо, но младиот Шпанец брзо се покаја и ова лето тоа го покажа јасно.
Токму Вилијамс беше тој кој повторно воспостави контакт со Барселона и им даде до знаење дека ова лето сака да потпише за нив, а Деко и другите веднаш започнаа преговори со Атлетик.
Но, во Билбао не се воодушевени од идејата Вилијамс да оди кај жестокиот ривал и се обидуваат да направат сè за младиот офанзивец да не заврши во Барселона.
Неговата откупна клаузула изнесува околу 60 милиони евра и без оглед на тоа што со Барселона сè веќе е договорено, откупот на договорот нема да биде лесен. Барса и понатаму има проблеми со финансискиот фер плеј што моментално го кочи трансферот на Вилијамс.
Сето тоа се обидува да го искористи Баерн Минхен кој исто така сака да ја активира откупната клаузула на Вилијамс, но не им оди во прилог тоа што играчот не сака уште да преговара со нив бидејќи чека расплетот на ситуацијата со Барселона.
Исто така, Вилијамс е лут и поради однесувањето на челниците на Атлетик кои му дале јасно до знаење дека не сакаат тој да оди во Барселона, туку сакаат да го избере Бајерн.
Имено, тие на Баварците веќе им дале до знаење дека откупната клаузула можат да ја платат на рати и се согласиле на сè што од нив побарала Барселона, а тоа на Каталонците го одбиле.
Фото: Принтскрин