Дома Фудбал ВИДЕО Земјотрес пред прес-конференција на натпреварот од Лигата на шампионите. Целата сала се стресе

ВИДЕО Земјотрес пред прес-конференција на натпреварот од Лигата на шампионите. Целата сала се стресе

БЕНФИКА вечерва од 21 час го пречекува Монако во реванш натпреварот од плеј-офот за нокаут-фазата од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар во Монте Карло славеше со 1:0.

Ситуацијата на пресот пред натпреварот беше прилично стресна. Синоќа Лисабон беше погоден од силен земјотрес со магнитуда од 4.7, и тоа непосредно пред да започне тренерот на Бенфика.

ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Додека тој одеше кон своето место, целата сала почна да се тресе. Многуте присутни новинари останаа шокирани, но тренерот на Бенфика ги смири.

Седна на масата и ги замоли новинарите, иако имаше земјотрес, да останат на прес-конференцијата. Откако земјотресот заврши, Лаже започна со своето обраќање до медиумските претставници.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клубот на Роналдо се подигра со веќе договорен трансфер

Централниот дефанзивец на Фејенорд Давид Ханцко би можел да премине во Атлетико Мадрид по …