Дома Фудбал ВИДЕО Земјотрес пред прес-конференција на натпреварот од Лигата на шампионите. Целата сала се стресе

ВИДЕО Земјотрес пред прес-конференција на натпреварот од Лигата на шампионите. Целата сала се стресе

БЕНФИКА вечерва од 21 час го пречекува Монако во реванш натпреварот од плеј-офот за нокаут-фазата од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар во Монте Карло славеше со 1:0.

Ситуацијата на пресот пред натпреварот беше прилично стресна. Синоќа Лисабон беше погоден од силен земјотрес со магнитуда од 4.7, и тоа непосредно пред да започне тренерот на Бенфика.


На ред е големото дерби, Манчестер Сити - Ливерпул! ↓↓↓


Додека тој одеше кон своето место, целата сала почна да се тресе. Многуте присутни новинари останаа шокирани, но тренерот на Бенфика ги смири.

Седна на масата и ги замоли новинарите, иако имаше земјотрес, да останат на прес-конференцијата. Откако земјотресот заврши, Лаже започна со своето обраќање до медиумските претставници.

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Проблем за Инзаги: Интер без Зомер

Јан Зомер, првиот голман на Интер, има фрактура на палецот што ќе го држи подалеку од тере…