БЕНФИКА вечерва од 21 час го пречекува Монако во реванш натпреварот од плеј-офот за нокаут-фазата од Лигата на шампионите, откако во првиот натпревар во Монте Карло славеше со 1:0.
Ситуацијата на пресот пред натпреварот беше прилично стресна. Синоќа Лисабон беше погоден од силен земјотрес со магнитуда од 4.7, и тоа непосредно пред да започне тренерот на Бенфика.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Додека тој одеше кон своето место, целата сала почна да се тресе. Многуте присутни новинари останаа шокирани, но тренерот на Бенфика ги смири.
Седна на масата и ги замоли новинарите, иако имаше земјотрес, да останат на прес-конференцијата. Откако земјотресот заврши, Лаже започна со своето обраќање до медиумските претставници.
.Земјотрес со магнитуда од 4.7 (13:24 часот 🇵🇹), имаше епицентар на 14 километри од Сеишал и беше почувствуван во прес-собата на Бенфика. Бруно Лаже раскажува како го доживеал ова.
— PortugueseSoccer.com ⚽️ (@PsoccerCOM) 17 февруари, 2025
pic.twitter.com/ADsLqULeCG