Дома Останати Кошарка ВИДЕО Тепачка во НБА лигата. Исклучени пет играчи и два тренери

ВИДЕО Тепачка во НБА лигата. Исклучени пет играчи и два тренери

Екипата на Минесота Тимбервулвс ги совлада Детроит Пистонс со 123:104 во натпревар кој беше обележан со тепачка меѓу играчите во втората четвртина.

Се започна со тоа што кошаркарот на Детроит Рон Холанд го фаулираше Наз Рид. Нивниот вербален конфликт започна, а прво интервенираше играчот на Минесота, Донте ДиВинченцо, а потоа и сите останати, што доведе до голема мешаница.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Во таквото препукување играчите завршија на трибините, а се вклучија и двете клупи, односно тренерите и остатокот од стручниот штаб. Судиите со помош на обезбедувањето успеаја да ја смират ситуацијата и на крајот да ги доделат казните.

Поради нивната вмешаност во расправијата, од Тимбервулфс беа суспендирани ДиВинченцо и Рид, како и нивниот помошник тренер Пабло Приџони. Детроит остана без Холанд, Исаја Стјуарт и Маркус Сасер, а суспендиран е и главниот тренер Ј.Б. Бикерстаф.

Детроит до тој момент водеше со десет разлика, но на крајот загуби убедливо. Минесота ја предводеше Џулиус Рендл со 26 поени, додека Ентони Едвардс постигна 25. Кај Пистонс најдобар беше Малик Бисли со 27 поени.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво забивање не се гледа често: Гордон со поен го засени потегот на Јокиќ (Видео)

Арон Гордон ќе остане запаметен како еден од момците на кои закуцувањето им беше омилен де…