Дома Фудбал ВИДЕО Погледнете го големото промашување на Мегваер во 97 минута

ВИДЕО Погледнете го големото промашување на Мегваер во 97 минута

Ливерпул и Манчестер Јунајтед ремизираа 2:2 во претпоследниот натпревар од 20. коло на англиската Премиер лига.

Во интересен натпревар сите четири гола беа постигнати во вториот дел.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Лисандро Мартинез го доведе Јунајтед во водство во 52. минута, но Коди Гакпо и Мохамед Салах направија пресврт за Ливерпул. На крајот конечниот резултат го постави Амад Диало со гол во 80. минута.

На крајот фудбалерите на Манчестер Јунајтед можеа да победат. Во последната, седма минута од судиското надополнување, Зиркзе му ја сервираше топката на Хари Мегваер, но неговиот удар од 7-8 метри заврши над голот на Алисон Бекер.

Доколку англискиот стопер постигнеше гол, тоа ќе беше прва победа на Јунајтед на „Енфилд“ од јануари 2016 година. Тогаш Вејн Руни го постигна единствениот гол на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Спектакл во Мадрид отворен со неверојатно промашување

Баерн подобро го отвори дуелот, започна да го притиска Реал, изведе три корнери и имаше не…