
Бразилскиот напаѓач Винициус Жуниор го обележа неодамнешниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Бенфика и Реал (0:1) бидејќи го прослави постигнатиот гол на провокативен начин, танцувајќи пред навивачите на Бенфика и така предизвика вистински хаос на теренот.
Имено, играчот на Бенфика Џанлука Престиани наводно му рече на Винисиус дека е мајмун, што Бразилецот го пријави на судијата Франсоа Летексие, кој го прекина натпреварот, но потоа натпреварот продолжи без санкции за домашниот фудбалер.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Многумина сметаат дека хаосот го предизвика токму Винисиус со провокациите и непочитувањето на Бенфика, додавајќи дека важно е да се нагласи и непристојното однесување на Бразилецот на овој натпревар.
Винисиус го прослави голот така што истрча во аголот на теренот и танцуваше со раширени нозе околу корнер знамето со грбот на Бенфика, правејќи го тоа насмеан, гледајќи ги навивачите на португалскиот клуб. Сепак потоа пристигна Рудигер и им се извини на навивачите.
@danieldalmaud ♬ sonido original – Daniel Dalmau