
Во ноќта помеѓу среда и четврток постигна 40 поени против Хјустон, а само 24 часа подоцна даде дури 60 против Мајами. Лука Дончиќ игра најдобрата кошарка во неговиот живот, а статистиката тоа јасно го покажува!
Многумина стравуваа дека проблемите кои го затекнаа во приватниот живот ќе му влијаат на игрите во дресот на Лејкерс, но Словенецот покажа неверојатна ментална сила. Во ек на скандалите „експлодираше” на паркетот!
Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст
Минатиот четврток првпат стигна до бројката од 50 поени во дресот на Лејкерс, а сега отиде чекор понатаму… Претходната вечер забележа 60 поени во победата над Мајами, што е негов најдобар учинок во франшизата од ЛА и вториот најдобар во неговата НБА кариера!
Лука забележа 60 поени со одлични 18/30 од игра (60 проценти). Погоди 9 тројки од 17 обиди, а реализира и 15 слободни фрлања од 19 обиди. Дополнително, имаше седум скокови, три асистенции и пет украдени топки.
Само ден претходно доминираше и во натпреварот против Хјустон Рокетс, кога забележа 40 поени со девет скокови и 10 асистенции.