
Хамзат Чимаев и Јан Мачадо Гари дојдоа до судир по УФЦ настан во Катар. Чудесниот Чеченец тргна да удари.
Јан Мачадо Гари вечерва во Катар го победи Белал Мухамад со едногласна одлука на судиите. По мечот го прозва Ислам Махачев, а потоа се ‘запали’ со првакот во средна категорија Хамзат Чимаев.
Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст
Гари му пристапи на Арман Царукјан за да му честита за победата против Дан Хукер. Се сретна со Чимаев, кој беше во аголот на ерменскиот борец, и разменија неколку зборови.
По ‘тапкањето’ се дојде до одредени недоразбирања. Се „запали атмосферата жестоко, Хамзат го турна Ирецот, и обезбедувањето влезе и спречи физичка пресметка.
„Ќе те смачкам”, кажуваше Чимаев, додека Гари заминуваше и брбореше, а тоа го продолжи и на конференцијата за новинари.