Дома Бокс (Видео) Џошуа по сообраќајката е во потешка состојба отколку што се мислеше, познати идентитетите на двајцата загинати пријатели

(Видео) Џошуа по сообраќајката е во потешка состојба отколку што се мислеше, познати идентитетите на двајцата загинати пријатели

Двократен светски шампион во тешка категорија Ентони Џошуа беше патник во црниот Лексус кој доживеа страшен судир со паркиран камион на автопатот Лагос–Ибадан, во местото Макун во Нигерија.

Во несреќата загинаа двајца негови долгогодишни пријатели и блиски соработници, Сина Гами и Кевин Латиф Ајоделе. Останатите двајца патници од возилото поминале без повреди. Локалната полиција соопшти дека Џошуа претрпел „лесни повреди“ и дека е во стабилна состојба.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, и покрај официјалните информации, извори блиски до боксерот тврдат дека постои сериозна загриженост оти повредите се потешки отколку што се претставува во јавноста. Според наведувањата од неговата најблиска околина, не се исклучува можност од повреди на ребрата и коленото, што би можело да има долгорочни последици и да влијае на неговата професионална кариера.

Снимките од местото на несреќата, кои се појавија на социјалните мрежи, го прикажуваат Џошуа како, видно во болки и со гримаса на лицето, го извлекуваат од целосно уништеното возило и го префрлуваат во полициско возило, а потоа во специјализирана медицинска установа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Бокс

Проверете

Масовна тепачка во Нови Пазар: Србија не памети вакви сцени во рингот (Видео)

Србија не памети сцени какви што се случија синоќа на турнирот ‘Емир ХаџимујовиќR…