Дома Фудбал ВИДЕО Аморим извади играч во 33. минута. Навивачите го исмеваа, тој беше на работ на солзи

ВИДЕО Аморим извади играч во 33. минута. Навивачите го исмеваа, тој беше на работ на солзи

Манчестер Јунајтед вчера беше поразен на Олд Трафорд од Њукасл со резултат 2:0.

Во највозбудливиот натпревар на вечерта од Премиер лигата, гостите по 20 минути игра поведоа со 2:0, а стрелци беа Александар Исак и Џоелинтон во 4. и 19. минута.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим се обиде брзо да реагира и во 33. минута го внесе Коби Мајно наместо Зиркзе, но тоа не го донесе посакуваниот пресврт.

Њукасл на тој начин ја постигна петтата последователна победа во сите натпреварувања, додека Јунајтед го претрпе четвртиот последователен пораз.

Моментот кој одекна во британските медиуми беше споменатата замена во 33. минута. Холанѓанецот го напушти теренот на општо задоволство на навивачите на „Олд Трафорд“, кои го поздравија потегот на Аморим. ж

Погледнете го видеото ТУКА. Британските медиуми објавија дека Зиркзе бил на работ на солзи додека го напуштал теренот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…