Дома Фудбал Ветеранот Адем Љајиќ по 15 години се враќа во поранешниот клуб

Ветеранот Адем Љајиќ по 15 години се враќа во поранешниот клуб

Српските медиуми утрово објавија вистинска трансфер бомба во нивната Суперлига, бидејќи Адема Љајиќ од Нови Пазар ќе премине во редовите на Партизан.

Веста најпрвин ја донесе Спортски журнал, кој известува дека Љајиќ е на чекор до потпис за Партизан, во кој би требало да се врати по 15 години, бидејќи ги помина младинските категории на белградскиот клуб.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Во 2008 година Љајиќ дебитираше за Партизан и во наредната година и пол забележа 50 настапи, а сега по деценија и пол треба повторно да стане член на црно-белите.

Денеска Љајиќ има 33 години и важи за најдобриот играч во српската Суперлига, а оваа сезона за Нови Пазар има 7 голови и 6 асистенции на 19 натпревари.

Од заминувањето од Партизан, Љајиќ оствари и забележителна интернационална кариера, бидејќи играше за великани како Фиорентина, Рома, Интер и Бешикташ.

За репрезентацијата на Србија, Љајиќ одигра 47 натпревари и постигна 9 голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона сака да го откупи Рашфорд за 30 милиони евра

Изгледа дека Маркус Рашфорд ги задоволи челниците на Барселона и тренерот Ханси Флик. Пора…