Денвер за првпат успеа да слави победа без Никола Јокиќ во своите редови и тоа против Мемфис на гости со 90:105.
Јокиќ го очекува раѓањето на своето дете и поради тоа го пропушти и третиот натпревар, претходните два дуели Денвер ги загуби.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наејфикасен на паркетот беше Џамал Мареј со 27 поени, Портер уфрли 24, додека Браун ја заврши средбата со 19 поени.
Но, вниманието го собра Расел Вестбрук кој стигна до историско достигнување. Имено, Вестбрук стана првиот кошаркар кој ја минал границата од 200 трипл-дабл натпревар. Средбата против
Мемфис ја заврши со 12 поени, 14 асистенции и 10 скока со што го подобри рекордот во оваа категорија.