Дома Останати Тенис Венус Вилијамс игра тенис и на 45 години: Ќе ја гледаме на Индијан Велс

Венус Вилијамс игра тенис и на 45 години: Ќе ја гледаме на Индијан Велс

Легендарната американска тенисерка Венус Вилијамс, верувале или не, сè уште игра тенис и на 45 години ќе се појави на ВТА 1000 турнирот во Индијан Велс.

Некогаш најдобрата тенисерка во светот ја започнала кариерата далечната 1994 година, а 31 година подоцна повторно ќе ја гледаме на турнирот во Индијан Велс.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Вилијамс моментално е 974-та тенисерка во светот, а организаторите на турнирот во Индијан Велс, кој се одржува од 2 до 16 март, ѝ доделија покана.

Седумкратната Гренд Слем шампионка минатата година настапи на два турнира, во Индијан Велс и Мајами, а на двата турнирa го заврши настапот во првото коло.

Во Индијан Велс ја совлада Нао Хибино по пресврт со 2:6, 6:3, 6:0, а во Мајами подобра од не беше Дијана Шнајдер со 6:3, 6:3.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Првиот ден на Ролан Гарос ќе помине во чест на Рафаел Надал (Фото)

Раководството на Ролан Гарос соопшти дека ќе оддаде посебна чест на живата легенда на овој…