
Фудбалерите на Барселона успешно го завршија натпреварот од 29-тото коло на шпанската Ла Лига, победувајќи го Рајо Валекано со минимални 1:0 на стадионот „Камп Ноу“. Со ова, тимот обезбеди директен пласман во Лигата на шампионите за наредната сезона.
Единствениот погодок на натпреварот го постигна Араухо, кој во 24-минута прецизно ја насочи топката со глава по еден од корнерите, носејќи ја победата на Барселона.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Иако имаа многу можности да го зголемат резултатот, доминантите пропуштија низа шанси и на крајот речиси можеа да бидат казнети.
✅ CONFIRMED
— Football Meets Data (@fmeetsdata) March 22, 2026
🇪🇸 Barcelona becomes the first of the 36 teams to mathematically confirm a place in 2026/27 edition of the 🔵 UEFA Champions League! pic.twitter.com/nwiUX8IAIe
Барселона ја задржа разликата од четири бода пред Реал Мадрид, а дополнително постигна уште значаен напредок.
Имено, тимот веќе има осигурано место меѓу најдобрите четири екипи на табелата, што значи сигурно учество во Лигата на шампионите следната сезона.
На овој начин, Барселона е првиот клуб кој обезбеди учество меѓу 36-те најдобри тимови во Европа за претстојната сезона.