Дома Фудбал Веќе е познат првиот фаворит за наследник на Аморим!

Веќе е познат првиот фаворит за наследник на Аморим!

Оливер Гласнер е водечкиот кандидат за наследник на Рубен Аморим на клупата на Манчестер Јунајтед, известуваат бројни медиуми во Англија.

Раководството на клубот од Олд Трафорд високо го цени трудот на австрискиот тренер, особено неговото постигнување во Кристал Палас, каде што договорот му истекува на крајот од оваа сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јунајтед веќе подолго време го следи развојот на Гласнер и неговите планови за иднината. Неговото име сè почесто се појавува како можно долгорочно решение за позицијата главен тренер по заминувањето на Аморим.

До назначувањето на новиот тренер, Дарен Флечер ќе ја преземе улогата на привремен тренер. Тој ќе го води тимот на гостувањето кај Барнли в среда, а потенцијално и во третото коло од ФА Купот против Брајтон в недела на Олд Трафорд.

Од клубот е јасно дека се разгледува можноста за привремен менаџер до крајот на сезоната, додека би се барало трајно решение во летниот период.

Покрај Гласнер, како потенцијални кандидати за „жешката“ клупа на клубскиот гигант од Олд Трафорд се и Роберто де Зерби од Марсеј и поранешниот играч на Јунајтед Мајкл Керик, кој минатото лето го напушти Мидлсбро.

Исто така, високо на листата е и менаџерот на Њукасл, Еди Хау, а наскоро ќе дознаеме кој ќе ја преземе клупата на Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Солскјер се појави во регионот и веќе имал разговор со Манчестер Јунајтед

Од Манчестер Јунајтед веќе се поврзале со Оле Гунар Солскјер во врска со можноста тој да г…