Дома Фудбал Вечерва во ЛШ: Можат ли Борусија и Астон Вила да ги изненадат ПСЖ и Барселона?

Вечерва во ЛШ: Можат ли Борусија и Астон Вила да ги изненадат ПСЖ и Барселона?

И вечерва се играат натпревари од четвртфиналето во Лигата на шампионите каде што Барселона ќе се сретне со Борусија Дортмунд и ПСЖ со Астон Вила.

Откако Арсенал и Интер синоќа победија против Реал Мадрид и Баерн и направија голем чекор кон полуфиналето, вечерва исто тоа го сакаат Барселона и ПСЖ кои се фаворити против Борусија и Астон Вила.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Барселона ќе ја пречека Борусија на Олимпискиот стадион на „Монжуик“. Иако ослабени без Дани Олмо и Марк-Андре тер Штеген, Каталонците се големи фаворити и сакаат да останат непоразени и во 2025 година.

Слично како Барселона, и ПСЖ е во одлична форма оваа година и има само еден пораз. Французите се во серија од шест последователни победи и на Паркот на Принцовите ќе се обидат да го решат прашањето за пласман во полуфиналето.

Астон Вила има седум победи во низа во сите натпреварувања и во Париз ќе се обиде да се избори достоинствено.

Двата вечерашни дуела започнуваат во 21 часот со директни телевизиски преноси на каналите на Арена Спорт. Реванш натпреварите се закажани за 15 април.

Фото: Barcelona FC

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса загрижена поради Араухо – замената пристигнува веќе на зима!?

Роналд Араухо поминува низ најтешкиот период во својата кариера. Уругваецот побара од Барс…