
Хауард Веб, првиот човек на професионалните судии во Англија (PGMOL), најави драстични промени поврзани со ВАР технологијата во иднина.
Воведувањето на ВАР технологијата во светот на фудбалот придонесе за регуларноста на натпреварите. Грешките на судиите се значително намалени, но навивачите се сложуваат дека процесот треба да биде побрз, бидејќи честите паузи ги нервираат фановите.
ВАР во македонскиот фудбал – Разговор со Дејан Јакимовски | Уште еден поткаст
Но, оние кои мислат така, допрва ќе бидат фрустрирани со она што се планира во англискиот фудбал. Хауард Веб соопшти дека во Премиер лигата се размислува за користење на ВАР технологијата за преглед на жолти картони и корнери.
Да се потсетиме, досегашното правило беше дека ВАР се користи само при голови, пенали и црвени картони, кои се најважни судиски одлуки за време на натпревар.
Сепак, со воведување на ВАР при корнери и жолти картони, натпреварите ќе бидат почесто прекинувани, ќе траат подолго, но ќе бидат и порегуларни.
“Секако ќе разговараме за можни проширувања. Се обидуваме да го усогласиме ВАР со очекувањата на оние вклучени во англискиот фудбал, врз основа на консултации со навивачи, тренери и играчи. Пораката што ја добиваме со ВАР е ‘помалку е повеќе’ и доста добро го постигнавме тоа усогласување”, рече Веб за BBC и појасни:
Referees chief Howard Webb tells me he’s “open to discussions” about potential expansion of use of VAR
— Dan Roan (@danroan) August 13, 2025
to include decisions on yellow cards and the awarding of corners, but says “we need to think carefully about the consequences” https://t.co/EGIg1RQB16
“Јас ја разбирам тежината на грешно досуден корнер што е очигледно погрешен – лесно е видливо на снимката – и влијанието на погрешно доделен жолт картон. Но, исто така постои чувство дека ВАР е веќе тука за да коригира очигледни грешки во важни ситуации, па ќе ги водиме тие разговори и ќе се осигуриме дека се консултираме со англиските фудбалски тимови”, заклучи човекот одговорен за судењето во професионалниот англиски фудбал.
Да потсетиме, неодамна беше воведено и правилото за “осум секунди”, кое дозволува голманот да ја држи топката во рака само осум секунди. Доколку голманот ја задржи топката подолго од осум секунди, за противничкиот тим ќе биде доделен корнер.