Дома Фудбал Вардар моќно – го прегази Арсими на стартот од вториот дел од сезоната!

Вардар моќно – го прегази Арсими на стартот од вториот дел од сезоната!

Лидерот во ПМФЛ, Вардар, со силна и убедлива партија го стартуваше пролетниот дел од сезоната, совладувајќи го Арсими со високи 5-1 на домашен терен. „Црвено-црните“ уште од самиот почеток покажаа дека нема да дозволат изненадување, а во прв план беа токму зимските засилувања кои веднаш почнаа да ја оправдуваат довербата.

Само пет минути му беа потребни на Стефан Цветковиќ, новото име од Србија, да го отвори резултатот и да ја најави убедливата вечер за составот на Гоце Седлоски. Притисокот продолжи, па во 18. минута Николов зголеми на 2-0. Доминацијата на Вардар беше комплетирана по нешто повеќе од половина час игра, кога Велковски, на својот прв настап по враќањето во клубот, се запиша меѓу стрелците за 3-0.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


До паузата, лидерот не застана. Босанчиќ ја искористи невнимателноста на одбраната на Арсими и погоди за убедливи 4-0, практично решавајќи го победникот уште во првите 45 минути.

Во продолжението Вардар ја намали динамиката, рутински ја контролираше играта и стигна до уште еден погодок за 5-0. Гостите успеаја само да го ублажат поразот во самиот финиш, кога Цуцули реализираше пенал за конечни 5-1.

Со оваа победа, Вардар испрати јасна порака дека останува сериозен кандидат за врвот и во вториот дел од сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Срцепарателна порака од навивачот поради кого синоќа целиот свет навиваше за Манчестер јунајтед (Видео)

Манчестер Јунајтед не успеа да го продолжи неверојатниот победнички низ бидејќи синоќа во …